Лукашенко помилува 8.000 затвореници во пресрет на 80-годишнината од победата во Втората светска војна

Од:

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска потпиша закон за помилување на речиси 8.000 затвореници по повод 80-годишнината од победата во Втората светска војна, јави белоруската агенција „Белта“.

За поголемиот дел од осудените, главни услови за примена на амнестија се целосно надоместување на штетата предизвикана од кривичното дело, како и препорака со позитивен карактер во периодот на издржување на казната.

Законот предвидува ослободување од казнување и други мерки на кривична одговорност или ублажување на казната за сторени кривични дела кои не претставуваат голема јавна опасност или се помалку сериозни за одреден број категории осуденици.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: „Полска бара провокација“

Лукашенко: Минск има се што е потребно за да нанесе штета на потенцијален агресор

А1он

Лукашенко: Русија е подготвена да ги исполни договорите за Украина

Лукашенко: Белорусија собори неколку дронови што се движеа кон Полска, Варшава беше информирана за ова

Лукашенко: Мултиполарноста во светот веќе е пристигната

Лукашенко: Путин се спротивстави на напад со „орешник“ врз Зеленски