Индонезиските иследнички тимови лоцирале сигнал од црните кутии на авионот на „Ер Азија“, што се урна во морето на 28 декември, јави ДПА.
– Брод примил сигнал од 300 метри од првата точка. Испраќаме нуркачи во насока на сигналот, изјави шефот на индонезиската армија генерал Моелдоко, имајќи го предвид местото, каде порано оваа седмица беше пронајдена опашката на авионот.
Летот на „Ер Азија“, кој полета од Индонезија за Сингапур на 28 декември, се урна во Јаванското Море со 162 лица во авионот.