Лидерите на десетте држави на АСЕАН се повеќе се присутни на социјалните мрежи, а во неколку држави претседателите и премиерите имаат над милион следбеници на Фејсбук и Твитер. Според аналитичарите најмалку активност во онлајн комуникациите имаат лидерите на дел од државите во кои се уште опстојуваат авторитативните режими.
Меѓу најактивните политички водачи кои онлајн комуницираат со јавноста е камбоџискиот премиер Хун Сен. Покрај објаснувањата на своите одлуки и политички ставови, Хун Сен за јавноста постира и фотографии од својот семеен живот, а на нив доминираат неговата сопруга и внуците.
Занимливо е дека највисоките политички личности од АСЕАН не ги постираат истите пораки на различните социјални мрежи. Причината ја објаснува сингапурскиот пемиер Ли Хсиен Лунг, кој вели дека се различни профилите и ставовите на луѓето кои комуницираат преку Фејсбук од тие на Твитер.
Иако имаат лични профили, претседателите на Индонезија и Филипините, Видодо и Бенињо ретко постираат, објаснувајќи дека и онака се премногу присутни меѓу новинарите и на јавни собири.
Шефот на воената хунта во Тајланд, генералот Прајут Кан-ока нема профил на социјалните мрежи. За своевидна комуникација со јавноста тој ја користи националната телевизија на која, секој петок, го има личното ТВ шоу, а често држи конференции за печат и не одбива интервјуа. Еден друг генерал од регионот, командантот на армијата на Мјанмар Мин Аунг Сианг последниве 10 месеци, речиси секојдневно, на Фејсбук дискутира за своите политички ставови и иднината на поранешна Бурма. Претседателот Тиен Сиен нема своја страница на социјалните мрежи, а не следи ниту една од нив.