Ле Пен: Мирно ќе се борам против судската пресуда, инспирирана сум од Мартин Лутер Кинг

Од:

Лидерката на партијата Национален собир (РН), Марин Ле Пен, рече дека мирно ќе се бори против судската пресуда со која и беше забрането да се занимава со политика на пет години.

Таа додаде дека е инспирирана од американскиот активист за човекови права Мартин Лутер Кинг, пренесоа денеска француските медиуми.

Во видео-обраќањето упатено до лидерот на партијата Италијанска лига, Матео Салвини, таа истакна дека инспирацијата ја наоѓа во борбата на убиениот американски активист за човекови права, пренесе BFMTV.

„Ќе го следиме примерот на Мартин Лутер Кинг. Тој се бореше за човекови права, а граѓанските права на францускиот народ денеска се доведуваат во прашање. Нашата борба ќе биде мирна и демократска“, рече Ле Пен на состанокот на Лигата во Фиренца.

Таа додаде дека РН никогаш нема да се предаде пред насилството и кршењето на демократијата.

„Ќе ги искористиме сите можни правни средства за да се бориме да учествуваме на изборите во 2027 година и да го поразиме овој обид за укинување на функционирањето на демократијата во Франција“, рече Ле Пен.

Би можело да ве интересира

Ле Пен: Со ирационална борба против институциите, Макрон ја доведува земјата во комплицирана ситуација

А1он

Марин Ле Пен ја критикува затворската казна за Саркози

Марин Ле Пен бара оставка од директорот на францускиот јавен радиодифузен сервис

Марин Ле Пен не се откажува: „Имам мала надеж дека ќе се кандидирам на претседателските избори во 2027 година“

Ле Пен го нападна Макрон: Ова се индиции дека се подготвува да не вовлече во војна

А1он

Се огласи Трамп по пресудата за Марин Ле Пен: „Тоа звучи како да е во оваа земја“