Кристијан го убил бебето на својата девојка затоа што не можело да оди

Од:

Кристијан Мониз Рабино (28) од Лас Вегас е осомничен дека го убил едногодишниот син на својата девојка, откако го донел во итната медицинска помош и пријавил дека малото дете има проблеми со дишењето.

Рабино наводно и рекол на полицијата во болницата дека повикал 911 бидејќи Каи Тесоро „имал проблеми со дишењето и на крајот престанал да дише“, се вели во полицискиот извештај. Во болницата лекарите откриле дека Каи има „модринки на главата“ и „скршени нозе“, јавуваат американските медиуми.

Мажот е во истражен притвор каде што е задржан без кауција и обвинет за убиство од прв степен и две точки за запуштање и злоупотреба на дете.

Според People, лекарот кој го прегледал момчето и рекол на полицијата дека се сомнева во злоупотреба и дека ова е „еден од најлошите случаи што ги видел“ како медицински професионалец.

Исто така, роднина најпрво пријавила во полиција дека момчето паднало од креветот додека Кристијан го чувал, но подоцна изјавила дека не може со сигурност да каже дали е тоа или мажот го малтретирал детето.

Таа, исто така, на полицијата и кажала дека видела дека Рабино се фрустрира со бебето затоа што плачело и не можело да оди самостојно, се вели во полицискиот извештај. Таа, наводно, им рекла на полицајците дека била сведок како Рабино наводно го тресе Каи кога бил изнервиран од неговото плачење и дека „насилно ги ставил нозете на земја“ за да се обиде да го натера да оди.

Лекарите подоцна утврдиле дека таквото ракување од страна на Кристијан предизвикало скршеници на двете нозе на Каи.

Семејството на таткото на Каи тагуваше за загубата на едногодишното дете и започна со собирање средства GoFundMe за да помогне во плаќањето за погребните услуги на детето.

„Нашето семејство отсекогаш верувало дека Каи ќе донесе посебен вид Алоха на овој свет и на сите околу него. Во неговото умирање, тој го исполни тоа верување со донирање на своите органи на децата на кои им е потребна. Каи е вистински херој; неговиот Алоха и Духот ќе продолжи да живее, Каи беше радосно и живо дете кое им донесе огромна среќа на сите што го познаваа, носејќи им инстант насмевки на оние што ги запозна, сè што сакаше беше љубов“, напиша дедото на Каи, Стив Тесоро.

Семејството рече дека донациите ќе одат во фонд за помош во одгледувањето на тригодишната сестра на Каи, Алеја.

Следното рочиште на Кристијан е закажано за 7 август.

Би можело да ве интересира

Mистериозно убиство на државјанин на БиХ во САД

Горан Наумовски

Доживотен затвор за таткото кој до смрт го изгладнуваше својот син во Аризона

САД: Момче е убиено додека се обидувало да ја заштити мајка си од бесниот и насилен татко

Горан Наумовски

Заменик на шериф од Флорида по грешка уби војник во неговиот дом

Маж од Мисури си ја убил сопругата бидејќи не можел да и ги плаќа болничките сметки

Тело на бостонски полицаец пронајдено во снег: Неговата девојка е обвинета за убиство