Кремљ потврди: Имавме контакти со Белата куќа

Од:

Кремљ денеска потврди дека руските функционери биле во контакт со членовите на администрацијата на Трамп, но не кажаa дали разговорите биле фокусирани на ставање крај на војната во Украина.

„Навистина има контакти меѓу одредени агенции и тие се интензивираа неодамна“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Не можам да споделам повеќе детали“, пишува The Moscow Times.

Песков, исто така, ја отфрли неодамна изразената подготвеност на украинскиот претседател Володимир Зеленски директно да преговара за мир со рускиот претседател Владимир Путин.

„Подготвеноста мора да се заснова на нешто. Тоа не може да се заснова на законска забрана што го спречува Зеленски да води такви разговори“, рече Песков, мислејќи на најавата на украинскиот лидер во 2022 година дека нема да води мировни преговори со Москва додека Путин е претседател.

„Засега тоа не се ништо повеќе од празни зборови“, додаде тој.

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека членовите на неговата администрација веќе разговараат со руските власти за ставање крај на војната во Украина.

„Ќе разговараме и мислам дека можеби ќе направиме нешто што ќе биде значајно“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа.

Би можело да ве интересира

Џуд Ло ќе го глуми Путин во „Волшебникот од Кремљ“

Враќање на отпишаните: Кремљ има нов план за „Вагнер“

Кремљ: Путин се капеше во ледена вода за Водици

А1он

Пукање близу Белата куќа, еден маж е убиен

Кремљ: Односите со Европа се на најниско можно ниво

Протекоа стратешките документи на Кремљ за Балтикот

Горан Наумовски