Колебливите интервенционисти

Од:

Таканаречените сунитски сили не можеа да се адаптираат на менливата политичка атмосфера на Блискиот исток, а Катар и Турција даваа отпор до крајот. Конечно, тие сега се „колебливи интервенционисти“, Катар партиципира во военнте операции против Исламската држава во Ирак и Левант (Идил), а турскиот претседател изјавува: „Турција ќе стори се што е потребно во борбата против Идил“. Непотребно е да се каже дека претходно спомнатиот „анти-интервенционизам“ е ограничен до крај да се биде против западната интервенција против Идил. Во друг случај, западниот интервенционизам беше „најпосакуван“ против режимот на Башар ал Асад.

Се до 2012 година, играта се водеше помеѓу западот и неговите сојузници против Иран и неговите сојузници во регионот, а ал Асад во Сирија беше конечната цел. Потоа нештата почнаа да се менуваат по Арапската пролет која се разводни, а растот на сунитскиот радикализам ги уби надежите за демократска транзиција во Сирија. Предвреме Муслиманското братство не успеа да оствари добро владеење (настрана демократизација) и со тоа го поплочи патот за воен удар во Египет. Либија се претвори во воено поле за исламистичките милиции, што доведе до убиството на американскиот амбасадор непосредно пред претседателските избори во САД. На крајот, земјата се претвори во сцена на таканаречените „умерени исламисти“, политички актери од кои се очекуваше да обезбедат стабилност со замена на авторитарните режими, обид кој драматично пропадна не само во смисол на владеењето, туку и во смисол на нивното справување со радикализмот. Во меѓувреме, „сојузниците на Сунитите на западот“ ја потценија нивната улога и се наместија да почнат свои локални војни за регионална хегемонија.

Вистина е дека западните сили исто така долго време го вртеа погледот на поддршката за радикалите, во име на борбата против ал Асад и иранската хегеминија на регионално ниво. Без разлика на се, ним им беше потребно да ги ревидираат своите политики по порастот на исламскиот радикализам, кој можеби се покажа како поголема закана отколку Иран и неговите сојузници. Сепак, тоа не ги сопре регионалните актери да даваат поддршка на нивните пулени, без разлика колку се тие радикални или насилни. Турција беше првата која инсистираше за продолжување на нејзините матни релации со групациите кои се бореа во Ирак и Сирија, во име на своите планови во регионот. Всушност, Турција беше растревожена заради промената на западната политика, но на поинаков начин, па стана поамбиицозна затоа што владата почна да се загрижува заради губењето на стисокот (или „замислениот стисок“) во регионот. По колапсот на нејзината политика во Сирија, турската влада го сврте вниманието кон „сунитските простори“ во Сирија и Ирак, и токму затоа Идил беше дефинирана како израз на „сунитскиот гнев и отпор против секташките политики“ на поранешниот ирачки премиер Нури ал Малиќи. Накратко, Турција никогаш не престана да сонува за регионална хегемонија со воведување на „сунитската политика“ и своеверемно инвестираше многу надеж во нејзините контакти со сунитските туркмени, сунитските радикали и со конзервативните исламски курди. Всушност, сето тоа пропадна и Турицја заврши во сојуз со „западните интервенционисти“.

Сега турскиот претседател и „неговата влада“ (како што тој ја нарекува) се соочуваат со тешкотии во продавањето на новата позиција на Турција. Поддржувачите на радикалите од владеачката партија веќе почнаа да ја претставуваат турската позиција онака како што тие посакуваат таа да биде. По се, ова е поопшт проблем со муслиманските држави наместо што спроведуваат „антизападни и сите други видови на конспиративни терории“ и на исламскиот дискурс дома, и покрај нивното прагматично сојузништво со западните сили. Турција стана таква во последнава деценија со „конзервативната“ влада, која од неодамна ефикасно стана „исламистичка“.

Вистинскиот проблем со муслиманските земји (како всушност и со западните сили се до неодамна) е наслонувањето на прагматичните политики и сојузништва, кое кулминираше во врвна хипокризија и пропаст. Не знам како се ќе продолжи по формирањето на коалицијата на западот и „колебливите интервенционисти“, но тоа ќе биде вистински проблем и за двете страни.

Хуриет дејли њуз – Истанбул

Би можело да ве интересира

Договор кој ја одреди судбината на Блискиот Исток

Емир Латифовиќ

Индиректните израелско-палестински преговори ќе продолжат на 24 септември во Каиро

Емир Латифовиќ

Блискиот Исток ќе се вакцинира од детска парализа

Емир Латифовиќ

Земан ја скара Чешка со арапските земји

Емир Латифовиќ

Чешка го поддржува мирот на Блискиот Исток

Емир Латифовиќ

Блискоисточните мировни преговори би можеле да бидат обновени на 30 јули

Емир Латифовиќ