Киргизстан забрани странци да бидат сопственици на локални телевизии

Од:

– Парламентот на Киргизстан на третото и последно читање го изгласа предлог-законот со кој им се забранува на странски државјани да поседуваат медиуми во земјата.

Според усвоениот Закон, на странците им се забранува да бидат полноправни сопственци на телевизии во Киргизстан. Ограничувањата не се однесуваат на весници, списанија и радиостаници.

Со Законот странци можат да имаат удел во киргизстанските телевизии, но не повеќе од 35 проценти.

Новиот Закон им дозволува на политичките партии да формираат и поседуваат медиуми.

Набрзо предлог-законот ќе биде испратен на потпис на претседателот Алмазбек Атамбаев, по што ќе стапи во сила.

Би можело да ве интересира

Киргистан: Бомбашки напад во близина на кинеската амбасада

Емир Латифовиќ