Катастрофален земјотрес во Турција; се бројат мртвите

Од:

Најмалку 138 лица загинаа, а повеќе од 440 се повредени во Турција, во земјотресот со јачина од 7,9 степени според Рихтеровата скала што го погоди југот на земјата и северна Сирија.

Германскиот центар за геолошки истражувања соопшти дека земјотресот се случил на длабочина од 10 километри во близина на јужниот турски град Кахраманмарас, додека EMSC соопшти дека ја проценува можноста за опасност од цунами.

Само во Сирија се пронајдени 42 тела, објави сириската државна новинска агенција. Се стравува дека бројот на жртви и во Турција и во Сирија би можел да биде многу поголем бидејќи земјотресот ги фати на спиење повеќето луѓе.

Според Американскиот сеизмолошки институт USGS, катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтер се случил во 04:17 часот по локално време.

„Сите наши тимови се во состојба на готовност. Издадовме тревога од четврто ниво. Ова е и повик за меѓународна помош“, изјави турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

„Во овој момент не можеме да кажеме ништо точно за штетите и загубите на човечки животи“, рече тој, додавајќи дека има жртви и дека веќе се случиле 22 последователни потреси. Гувернерот на провинцијата Газиантеп ги повика жителите да излезат надвор.

Сириската државна телевизија објави дека зграда во близина на Латакија, на западниот брег на Сирија, се урнала по земјотресот. Провладините медиуми објавија дека неколку згради делумно се урнале во Хама, во централна Сирија.

Цивилната заштита и сириските пожарникари работат на извлекување на жртвите од урнатините.

Турскиот претседател е информиран за земјотресот, соопшти турското претседателство.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес повторно ја погоди Турција

(ВИДЕО) Земјотрес со јачина од 5,9 степени ја погоди Турција

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Турција

Земјотрес ја погоди Турција

Нов силен земјотрес ја погоди Турција

Земјотрес ја погоди Турција