Турција треба да учествува во операцијата за ослободување на Мосул од борците од Исламска држава, изјави денеска во Анкара американскиот секретар за одбрана Ештон Картер.
– Разбираме зошто Турција пројавува интерес за настаните во Ирак и во Сирија. Ние сакаме таа да се приклучи во операцијата против ИД, таа треба да учествува во операцијата во Мосул. Ние ги поддржуваме нејзините мерки за безбедност на нејзините граници, истакна Картер.
Тој додаде дека САД и Турција остануваат блиски сојузници.
– Меѓу нас има различни мислења, но за принципиелните прашања меѓу нас има целосна согласност, посочи Картер.
Претходно, турскиот министер за одбрана Фикри Ишик изјави дека Турција се договорила со меѓународната коалиција за учество во операцијата во Мосул.
– Ние постигнавме договор со силите на коалицијата за учество на нашоте военовоздухопловни сили во операцијата во Мосул. Без Турција невозможно е да се донесе решение за иднината на Мосул, потенцира Ишик.
Воената операција за ослободување на Мосул почна на 17 октомври, а покрај ирачките сили учествуваат и курдски формации и меѓународната коалиција.