Каролин Ливит: Трамп разговараше за новиот ирански предлог, барањата остануваат исти

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес разговараше со врвните советници за национална безбедност за нов ирански предлог за решавање на конфликтот, кој вклучува отворање на Ормутскиот теснец, а подоцна и разгледување на нуклеарната програма, според портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.

Левит истакна дека основните барања на претседателот Трамп остануваат непроменети, вклучувајќи го слободниот проток на нафта низ Ормутскиот теснец и Иран да го предаде збогатениот ураниум, објави Ројтерс.

„Не би рекла дека се разгледува во однос на конечната одлука. Само би рекла дека утрово имало дискусија и сигурна сум дека ќе слушнете за тоа директно од претседателот“, рече Ливит.

Таа изјави дека „системската демонизација“ на Трамп, придонела за политичкото насилство насочено против него, нагласувајќи дека тој сè уште има доверба во американската тајна служба.

„Реториката на омраза, постојаната и насилна реторика насочена кон претседателот Трамп, секојдневно веќе 11 години, помогна да се легитимизира ова насилство и да нè доведе до овој мрачен момент“, рече Ливит.

Таа додаде дека оние кои го нарекуваат Трамп фашист, закана за демократијата и го споредуваат со Адолф Хитлер „заради политички поени“ ги охрабруваат ваквите инциденти.

Би можело да ве интересира

Трамп му предложил на Зеленски средба со Путин – во Москва

Трамп повторно објави мапа: Овојпат Ормускиот теснец го нарече „Трампов теснец“

Белата куќа му забрани на Си-Ен-Ен да патува со Трамп во „Ер форс 1“

ВИДЕО: Читачка на усни откри што наводно зборувале Венс, неговата сопруга и Иванка Трамп за време на пречекот на Си

Предраг Петровиќ

Доналд Трамп и Володимир Зеленски се сретнаа во Њујорк

А1он

Трамп најави крај на војните во Иран и Украина

А1он