Кариби: Брат и сестра пливале околу 13 часа, откако нивниот брод потонал

Од:

Излетот на Кариби, на триесетгодишниот Ден Саски и неговата сестра Кејт (39) од Сан Франциско, се претворил во кошмар откако им потонал бродот во близина на крајбрежјето Света Луција, по дефект на електричниот систем.

Братот и сестрата ловеле сабјарка тешка околу 100 килограми, кога бродот почнал да се полни со вода, поради што капетанот на бродот побарал помош преку радио.

Бидејќи нивото на водата се зголемувало, капетанот им дал појаси за пливање и им рекол да скокнат од бродот кој почнал да тоне.

За само пет минути бродот потонал, а тие останале во водата на околу 13 километри одалеченост од крајбрежјето.

Откако по еден час не пристигнала помош, Кејт му рекла на братот дека веќе нема што да чекаат, туку да пливаат кон крајбрежјето.

-Во моментот кога човек ќе се сретне со сопствената смрт, станува свесен за опасноста во која се наоѓа – изјави Кејт.

Пливале околу 13 часа и зборувале додека се бореле со студената вода. Ниту едниот од нив не може да ги заборави ајкулите.

Кога конечно биле на десет метри до копното, виделе дека не може да излезат од водата.

-Пред нас се издигаа високи карпи кои се спуштаа во океанот, се потсетува Кејт.

Продолжиле да пливаат долж крајбрежјето, барајќи место каде што ќе може да излезат од океанот. Откако излегле од водата сфатиле дека не се во можност да се движат.

Ден изјави дека главно им било да се загреат, за да не добијат хипотермија.

Легнале на некоја ливада и се покриле со тревата. Откако се разденило го продолжиле своето „патешествие“.

Три часа подоцна ги забележал некој фармер кој што им помогнал и повикал полиција.

Братот и сестрата се хоспитализирани во болница и не обвинуваат никого за инцидентот, само се среќни што се живи и здрави.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Младоженецот доживеал напад, па невестата си нашла нов сопруг

Емир Латифовиќ

Полјак за пола година го превеслал Атлантикот

Емир Латифовиќ

ФОТО: Како изгледа фабриката во која се изработуваат бебиња Исус

Емир Латифовиќ

Корисници на интернет за 15 минути решиja 18 година стара мистерија

Емир Латифовиќ

ФОТО: Тоалет на раб на бездна

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Американци му помогнаа на чешки бездомник да се врати дома од САД

Емир Латифовиќ