Кардиналот Кит Обрајан, кој беше присилен од папата да даде отказ минатата недела, призна сексуална непослушност.
„Изминатите неколку дена се раширија гласини против мене. Тие беа анонимни, па затоа ги оспорував.
– Без разлика, сакам да ја употребам оваа прилика за да признаам дека во повеќе наврати моето сексуално однесување испадна под очекуваните стандарди за отец, архиепископ и кардинал“, вели тој.
Тој ја призна вината за сексуална непослушност додека бил отец и 10 години како кардинал, меѓутоа не откри други детали.
Покрај тоа, се извини и побара прочка на сите „навредени“ , како и на католичката Црква и шкотите. Најави дека ќе се пензионира и повлече од јавноста.
Јасна Атанасова