Канадскиот премиер во самоизолација: Сопругата на Трудо со симптоми на коронавирус

Од:

Премиерот на Канада, Џастин Трудо се самоизолирал откако неговата сопруга, која се врати од Велика Британија, почнала да има симптоми на грип.

Според неговиот портпарол, во наредните неколку дена Трудо ќе одговори на сите прашања од новинарите преку камера, со која ќе се снима.

– Премиерот ќе одржи брифинзи, телефонски разговори и виртуелни состаноци од дома, вклучително и разговори со светските лидери и учество во специјален комитет против Ковид-19 – се вели во соопштението.

Неговата сопруга која почнала да ги чувствува симптомите на грип, е тестирана на коронавирус, но резултатите сè уште се чекаат.

Според соопштението, Трудо и неговата сопруга Софи Грегоар покажале благи симптоми слични на грип и зголемена температура откако се вратиле од Лондон.

Би можело да ве интересира

Трудо: Трговската војна би можела да продолжи во догледна иднина

Трамп му порача на Трудо: САД ќе воведат дополнителни реципрочни царини за канадските царини

Горан Наумовски

Трудо: Трамп сака целосен колапс на нашата економија за да може полесно да нè припои

Горан Наумовски

Канада веднаш воведe царини од 25 отсто за увоз од САД

Канада најави брз одговор на заканите од Трамп

Трудо: Војната на Русија во Украина е војна против демократијата, вистината и правдата