Камерон: Сакам и понатаму да учествувам во јавниот живот

Од:

 Доскорешниот британски премиер Дејвид Камерон, кој вчера соопшти дека ќе поднесе оставка и на пратеничката функција, изјави дека нема намера целосно да се пензионира и да се повлече од јавноста.
– Се уште немам донесено конечено решение што ќе работам во иднина, но сакам и натаму да останам во јавниот живот, изјави Камерон.

Пред два месеци тој поднесе оставка на функциите премиер и лидер на владеачката Конзервативна партија, откако доживеа пораз на референдумот за ЕУ од 23 јуни.

Одлуката да се повлече и од функцијата пратеник во Вестминстер, Камерон ја објасни со потребата целосно да се дистанцира од новата Влада и од нејзината сегашна главна работа истапувањето од ЕУ и уредувањето нови односи со Унијата.

– Секако имам и ќе имам свои гледања за владините мерки, а како поранеш премиер, секоја моја реакција ќе биде различно одмерувана и толкувана, објаснува Камерон, кој рече дека актуелниот премиер Тереза Меј имала целосно разбирање за неговото решение.

Неговите двајца претходници во Даунинг стрит 10, реагираа различно по заминувањето од функцијата. Гордон Браун по поразот на изборите во 2010 година, наредните пет години остана пратеник, но само на два пати зборуваше во Долниот дом, предизвикувајќи контроверзни реакции во политичката јавност.
Тони Блер, кој во јуни 2007 година, се повлече од функцијата премиер, по три едно по друго изборни победи, веднаш се откажа и од пратеничаката должност и соопшти дека не сака да биде член на Горниот дом и почесен лорд.

Дејвид Камерон беше пратеник од Витни во англиската област Оксфордшир од 2001 година. Лидер на конзервативците беше од декември 2005 година, а прв пат стана премиер во мај 2010 година. Вториот премиерски мандат го започна во мај 2015 година и на функцијата остана 13 месеци.
Според британската опозиција, но и некои ториевски политичари, Камерон ќе остане запаметен по тоа што без потреба предизвика Велика Британија да ја напушти ЕУ, иако тоа од него никој не го бараше.
За смирување на состојбите во својата партија, тој отвори дебата за односите со ЕУ, а потоа најави и референдум, предизвикувајќи на крајот, земјата да се раздели со своите сојузници и соседи.
– Сега заминува, оставајќи други да ги средуваат работите и состојбите што ги покрена, изјави висок функционер на опозициските лабуристи.

Би можело да ве интересира

Камерон: Руските напади во Сирија се „страшна грешка“

Емир Латифовиќ