Калас за судбината на замрзнатите руски средства: Несогласувањата во ЕУ се „услуга“ за Путин

Од:

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, ги нарече несогласувањата во ЕУ во врска со замрзнатите руски средства „услуга“ за рускиот претседател Владимир Путин.

„Путин очекува од нас да не правиме ништо. Не можеме да си дозволиме да му направиме таква услуга“, напиша Калас на социјалните мрежи.

Таа повторно ја повика Европа да „обрне внимание на прашањето за користење на замрзнатите руски средства за финансирање на Украина“.

Членките на ЕУ постигнаа договор да ѝ дадат на Украина заем од 90 милијарди евра во следните две години, но Унгарија, Словачка и Чешка не учествуваат.

Лидерите на ЕУ не успеаја да се договорат за користењето на замрзнатите руски средства.

Белгискиот премиер Барт де Вевер изјави дека по самитот и дискусиите, сите членки разбрале дека конфискацијата на руски средства носи финансиски и правни ризици со кои е тешко да се управува.

Во меѓувреме, Централната банка на Русија поднесе тужба против европскиот депозитар „Евроклеар“ за сума од околу 193 милијарди евра поради обидот на ЕУ да украде замрзнати руски средства.

По започнувањето на Специјалната воена операција, ЕУ и земјите од Г7 блокираа приближно половина од девизните резерви на Русија.

Би можело да ве интересира

ЕУ ја стави Русија на „црната листа“ на земји со висок ризик од перење пари и финансирање на тероризам

Нова одлука на ЕУ: Иранската револуционерна гарда официјално е на листата на терористички организации

Горан Наумовски

Русија: Имаме докази за претставници на ЕУ да одговараат пред Трибуналот

Необучени, некопетентни и неспособни – Кремљ за Каја Калас и водството на ЕУ

Каја Калас: ЕУ подготвува 20ти пакет санкции против Русија и заем од 90 милијарди евра за Украина

А1он

Каја Калас за американското соборување на Мадуро: Тој немаше легитимитет