Калас: Украина не треба да биде принудена да прави територијални отстапки кон Русија

Од:

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас, предупреди дека Украина не треба да биде принудена да прави територијални отстапки кон Русија како дел од кој било иден мировен договор. Во своето прво интервју за британските медиуми откако европските лидери се придружија на мировните преговори на Доналд Трамп во Белата куќа, Калас изјави за Би-Би-Си дека дозволувањето на Русија да ги задржи окупираните украински територии е стапица во која Путин сака да паднеме“, пишува Би-Би-Си.

Регионот Донбас на истокот од Украина е во центарот на конфликтот со години, а руската агресија принуди околу 1,5 милиони Украинци да избегаат во последната деценија. Киев постојано одбива да го предаде Донбас на Кремљ во замена за мир, и покрај инсистирањето на американскиот претседател Трамп за потребата од територијална размена“.

Калас, која Кремљ ја стави на својот список на барани лица“, исто така ја нагласи важноста на кредибилни и силни“ безбедносни гаранции за Украина. Сепак, таа призна дека во оваа фаза од преговорите сè уште недостасуваат конкретни чекори“ за зајакнување на одбранбените капацитети.

Најсилната безбедносна гаранција е силна украинска армија“, рече таа, додавајќи дека е клучно да се воспостават гаранции што нема да останат само буква на хартија“.

Минатонеделниот состанок во Белата куќа, каде што на украинскиот претседател Володимир Зеленски му се придружија лидерите на Франција, Германија, Италија и Финска, следеше кратко откако Трамп го угости рускиот претседател Владимир Путин во воена база во Алјаска.

Калас остро коментираше за тој состанок, велејќи дека Путин таму добил сè што сакал“, што дополнително ќе ја намали неговата подготвеност за преговори.

Тој доби таков пречек и сакаше да не се воведуваат санкции, што и го постигна“, рече таа.

Путин само се смее, тој не го запира убивањето, туку го интензивира. Забораваме дека Русија не направила ниту една отстапка“ вели таа.

Калас додаде дека Европската унија го подготвила 19-тиот пакет санкции за да го зголеми притисокот врз Москва.

Би можело да ве интересира

Каја Калас: На Путин не може да му се верува дека ќе одржи какво било ветување

А1он

Калас го повикува Израел да ги запре плановите за изградба на населби на Западниот Брег

Горан Наумовски

ЕУ подготвува нови санкции кон Русија

Калас: Нема отстапки додека Русија не се согласи на безусловно примирје

Калас: Сите опции остануваат на маса доколку Израел не ги исполни своите ветувања

Калас: Ако ЕУ плати за оружје за Украина, тоа ќе биде европска помош, а не од некој друг