Калас: Русија нема да го добие замрзнатиот имот без да плати репарации

Од:

Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, изјави дека е незамисливо рускиот имот замрзнат во рамките на Европската Унија поради војната во Украина да биде вратен без Русија да плати воени репарации.

Воопшто не можеме да замислиме, ако дојде до примирје или мировен договор, тој имот да ѝ биде вратен на Русија, а таа да не плати репарации, изјави Калас за новинарите пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Копенхаген.

Според податоците на ЕУ, во Унијата се замрзнати околу 210 милијарди евра руски имот како дел од санкциите воведени кон Москва поради инвазијата на Украина.

Украина и дел од земјите-членки на ЕУ, вклучувајќи ги Полска и балтичките земји, повикуваат тој имот да се конфискува и да се искористи за поддршка на Киев.

Но, најголемите членки на ЕУ, како Франција и Германија, но и Белгија, каде што се наоѓа најголемиот дел од имотот, ги отфрлија таквите предлози. Тие истакнуваат дека Унијата веќе ја наменила идната добивка од тој имот за отплата на помошта за Украина и го доведуваат во прашање постоењето на правна основа за конфискација.

Би можело да ве интересира

Каја Калас ги осуди ограничувањата на верските слободи во Ерусалим

Каја Калас: Америка сака да ја подели Европа

Калас: ЕУ веројатно нема да постигне договор за нови санкции против Русија

Калас: Москва не е непобедлива – нејзината војска трпи рекордни жртви

Калас: Формирањето на европска армија е исклучително опасно

А1он

Калас: Без притисок, Русија нема да преговара за мир