Калас: Русија не е навистина заинтересирана за воспоставување мир во Украина

Од:

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес изјави дека не мисли оти Русија е навистина заинтересирана за воспоставување мир во Украина.

„Не мислам дека тие се заинтересирани за мир. Тие сè уште ја бомбардираат Украина. Ако беа заинтересирани за мир, можеа веднаш да престанат“, изјави Калас пред новинарите во Копенхаген, пренесува Ројтерс.

Според неа, Русија очигледно игра игри, обидувајќи се да купи време.

Рускиот претседател Владимир Путин во неделата предложи директни мировни преговори меѓу Москва и Киев.

Помошникот на Зеленски, денес изјави дека украинскиот лидер ќе присуствува на разговорите за Украина оваа недела само ако таму биде и Путин, предизвикувајќи го Кремљ да покаже дека е искрен во намерата да постигне мир.

Би можело да ве интересира

Калас: Сите опции остануваат на маса доколку Израел не ги исполни своите ветувања

Калас: Ако ЕУ плати за оружје за Украина, тоа ќе биде европска помош, а не од некој друг

Каја Калас: Словачка го одложува усвојувањето на новиот пакет санкции против Русија

Калас го повика Иран да ги продолжи нуклеарните преговори

Каја Калас: Дури и „цврстата љубов“ на САД кон Европа е подобра од никаква

Калас: Русија е решена да придонесе за страдањето и да ја уништи Украина

А1он