Каја Калас: На Путин не може да му се верува дека ќе одржи какво било ветување

Од:

Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, изјави дека Европската Унија ќе продолжи да ја таргетира руската воена економија и дека следниот пакет санкции против Москва треба да биде готов до следниот месец, пишува The Guardian.

Зборувајќи по виртуелниот самит на Европскиот совет за војната во Украина, еден ден по вонредниот состанок на украинските и неколку европски лидери со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон, Калас нагласи дека единството меѓу лидерите на ЕУ на денешниот виртуелен самит беше опипливо“.

Таа додаде дека ги ставила темите за безбедноста на Украина и санкциите против Русија на врвот на агендата за разговорите следната недела меѓу европските министри за надворешни работи и одбрана.

На Путин не може да му се верува дека ќе одржи какво било ветување или обврска. Затоа, безбедносните гаранции мора да бидат доволно силни и веродостојни за да ја одвратат Русија од прегрупирање и повторно напаѓање“, напиша Калас на социјалната мрежа X.

Би можело да ве интересира

Калас: Без притисок, Русија нема да преговара за мир

ЕУ ја стави Русија на „црната листа“ на земји со висок ризик од перење пари и финансирање на тероризам

Нова одлука на ЕУ: Иранската револуционерна гарда официјално е на листата на терористички организации

Горан Наумовски

Русија: Имаме докази за претставници на ЕУ да одговараат пред Трибуналот

Необучени, некопетентни и неспособни – Кремљ за Каја Калас и водството на ЕУ

Каја Калас: ЕУ подготвува 20ти пакет санкции против Русија и заем од 90 милијарди евра за Украина

А1он