Кадиров се пофали дека е убиен „непријателот на исламот“ кој сакал војна во Чеченија и Русија

Од:

Претседателот на Чеченија Рамзан Кадиров објави дека е ликвидиран „непријателот на исламот“, Тархан Батаришвили, кого го оквалификува како еден од лидерите на Исламска држава.

– Непријателот на исламот Тархан Батаришвили кој себеси се нарекуваше Омар ал Шишани е убиен. Тоа ќе се случи со секој кој ќе се обиде да упати закани до Русија и чеченскиот народ, напиша Кадиров на Инстаграм.

Во текстот не се прецизира кога и каде е ликвидирано лицето.

Во почетокот на септември Рамзан кадиров рече дека побарал да биде пронајден и ликвидиран терорист од Сирија кој преку видео-порака сакал да почне војна во Чеченија и кавкаските држави.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Чеченците кои војуваат против Путин во Бахмут: Русите испраќаат војници како стока на колење

Ана Ололовска