Јужнокорејската армија истрелала серија предупредувачки истрели кон околу 20 севернокорејски војници кои најверојатно по грешка ја нарушиле меѓукорејската граница, соопшти денеска Генералштабот во Сеул (ГШ).
Според извештаите, околу 12.30 часот по локално време во неделата, околу 20 севернокорејски војници накратко ја преминале демаркационата линија во демилитаризираната зона во централниот дел на границата, а потоа се вратиле на севернокорејската страна по предупредувањето од јужнокорејската војска. пораки и испука серија на истрели, пренесува Jonhap.
Војската на Јужна Кореја смета дека севернокорејските војници извршувале мисија во демилитаризираната зона и „ненамерно“ ја преминале границата.