Во Јужна Калифорнија на сила е црвено предупредување поради „особено опасна ситуација“ поради силните ветрови.
„Ветровите веќе почнаа да се зголемуваат денес и ќе продолжат да се зголемуваат до утре наутро“, предупреди Националната метеоролошка служба во Лос Анџелес, пренесува CNN.
Во планините Сан Габриел и Санта Сузана утринава почнаа силни ветрови со брзина од 60 до 80 километри на час.
Ветерот ќе почне да слабее во доцните попладневни и вечерни часови. Сепак, овој краток период на намалена моќност на ветерот нема да значи крај.
Ветерот повторно ќе зајакнува во текот на ноќта и ќе продолжи до утре претпладне.
Во окрузите Вентура и Лос Анџелес, најсилните налети на ветерот се очекуваат денеска и утре во зависност од теренот.