Јулија Навална ќе се кандидира за претседател на Русија

Од:

Јулија Навална – вдовицата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални за „Би-Би-Си“ изјави дека сака да биде претседател на Русија. Таа вели дека одлуката ја донела заедно со сопругот.

Нејзиниот сопруг Алексеј, кој беше најгласниот критичар на претседателот Путин, беше осуден на 19 години затвор за екстремизам, со обвиненија кои се сметаа за политички мотивирани. Тој почина во затвор, во февруари годинава.

„Кога ќе дојде време, ќе учествувам на претседателските избори како кандидат. Мој политички противник е Владимир Путин. И ќе направам се за да го урнеме неговиот режим што е можно поскоро“, рече Навална.

Таа вели дека не може да се врати во земјата додека Путин е на чело на Русија, но со нетрпение го очекува денот за кој верува дека неизбежно ќе дојде, кога ерата на Путин ќе заврши и Русија повторно ќе се отвори.

Исто како и нејзиниот сопруг Алексеј, таа верува дека ќе има можност да се одржат слободни и фер избори.

Русите тврдат дека Навални починал од природна смрт, а Навална смета дека претседателот Путин го наредил неговото убиство.

„Владимир Путин е одговорен за смртта и убиството на мојот сопруг“, вели таа.

Би можело да ве интересира

Киев е под притисок да заборави на НАТО и да го прифати признавање на Крим како дел од Русија

Горан Наумовски

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Зеленски: Соодветно ќе одговориме на руските напади