Избувна пожар во фабрика во САД, се шири отровен чад: На луѓето им е наредено да се засолнат

Од:

Училиштата се затворени, а на луѓето им е наредено да се евакуираат откако избувна голем пожар во фабрика на производители на авиони во град северно од Филаделфија.

Пожарот избувнал во SPS Technologies во Џенкинтаун околу 21.30 часот по локално време.

„Сведоците пријавија експлозија и пламенот може да се види во магацинот“, се вели во соопштението на полициската управа во Абингтон на социјалните мрежи.

Зградата е евакуирана, згрижени се сите вработени, а повредени нема.

Училишниот округ Абингтон и Џенкинтаун и сите приватни и парохиски училишта денеска се затворени.

На луѓето им беше наредено да се засолнат некое време, додека инцидентот не биде ставен под контрола, поради страв од ширење на отровни хемикалии.

Властите го следеа квалитетот на воздухот и ги советуваа сите бизниси во радиус од два километри да останат затворени до понатамошно известување.

Транспортната управа на Југоисточна Пенсилванија предупреди дека сообраќајот на три регионални железнички линии е прекинат поради пожарот, истакнувајќи дека тој може да предизвика доцнења во другите делови на системот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Актерот Џејмс Вудс објави видео од пожарот во ЛА: Куќата на нашата мала улица веќе ја нема

А1он

Поради шумски пожар, 30.000 луѓе се евакуирани во близина на Лос Анџелес

А1он

Поради пожар во Калифорнија се евакуираат 26.000 луѓе

Шумски пожар се шири во близина на Лос Анџелес, поради што се евакуирани 1.200 луѓе

Горан Наумовски

Лос Анџелес: Седум пожарникари повредени во експлозија на камион, двајца се во животна опасност