Празничниот период во Италија ќе биде под строги рестрикции за заштита од ширењето на коронавирусот. Во перидот за Божик и за Нова година во државата ќе работат само продавнците за есенцијални потреби. Рестораните и баровите ќе бидат затворени.
Италијанците ќе можат да излегуваат од дома само за работа, медицински потреби и крајна итност. Дозволени се ограничени посети по дома. Италија на целата територија ќе е во „црвена зона“ забрани. Мерките ќе бидат во сила од 21 декември до 6 јануари.
Премиерот Џузепе Конте рече дека ова не била лесна одлука.
„Нашите експерти беа сериозно загрижени дека бројот на случаи на новозаразени од ковид ќе скокне по празниците. Затоа моравме да делуваме“ – рече Конте.
Италија ја има најголемата стапка на смрттност од коронавирусот во Европа. Во моментов бројот на починати е речиси 68 илјади.