Премиерката на Норвешка, Ерна Солберг е под истрага поради евентуално кршење на мерките за борба против Ковид-19, соопшти денеска полицијата.
Солберг минатиот месец го прославувала својот 60. роденден во зимувалиштето Геило со членови од поширокото семејство, при што во два наврати биле собрани повеќе од 10 луѓе, со што е прекршена одредбата за јавни собири.
Солберг вчера изјави дека „би требала да биде свесна за правилата“.
Истрагата треба да покаже дали биле прекршени локалните или националните рестриктивни мерки, а резултатите од истрагата потоа ќе ги процени обвинител.