ИСИС ја презеде одговорноста за нападот во Алепо

Од:

Терористичката група Исламска држава (ИД) ја презеде одговорноста за нападот во близина на градот Манбиџ во североисточната сириска покраина Алепо, при што загинаа двајца војници, соопшти сириското Министерство за одбрана.

Групата ја презеде одговорноста за нападот во соопштение на својот Телеграм канал, објави Ројтерс.

Сириското Министерство за одбрана претходно соопшти дека двајца војници се убиени во напад од непознати напаѓачи во близина на Манбиџ, без да даде дополнителни детали за инцидентот. Нападот беше дел од серија акции на групата Исламска држава од февруари, кога групата го објави почетокот на она што го нарече нова фаза на операции против владата на сирискиот претседател Ахмед ал-Шара.

Сириските власти оттогаш ја проширија контролата врз делови од северна и источна Сирија, додека американските сили почнаа да се повлекуваат од некои позиции на североистокот на земјата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Крвава драма во Алепо – девет мртви, десетици ранети во брутално гранатирање

А1он

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати