Ирачкиот премиер Хајдар ал Абади, кој е врховен командант на вооружените сили на Ирак, рано изутринава прогласи почетокот на долгоочекуваната копнена операција за ослободување на градот Мосул од терористичката групација Исламска држава.
Борците на ИД го сметаат Мосул за свој главен град во Ирак. Градот беше предаде во нивни раце од страна на владините сили речиси без борби на 10 јуни 2014 година.
Операцијата на ирачките сили ќе биде поддржана од воздух од меѓународната коалиција, предводена од САД.
Телевизискиот канал Ал Сумарија јави дека бројот на припадниците на копнените сили, кои учествуваат во операцијата, надминува 60 илјади војници.
Ирачката армија исто така е поддржана од антитерористички единици и локални паравоени групи, како и од курдските формации пешмерги, шиитските Ал Хашд ал Шаби и вооружените единици на сунитските племиња. По линијата на фронтот се распоредени стотици единици тешка техника и артилериско оружје.
Во Мосул во моментот живеат околу 1,3 милиони лица. Тие се држени како заложници од над шест илјади борци на ИД.