Индонезија: Почна операција за подигање од морското дно на опашката на авионот на „Ер Азија“

Од:

Нуркачи на индонезиската морнарица почнаа со операција за подигање од морското дно на дел од опашката на авионот на „Ер Азија, што се урна во Јаванското Море на 28 декември, при што се очекува да бидат откриени и „црните кутии“ на авионот, пренесува ТАСС.

Спасувачките екипи треба да врзат со јажиња делови од трупот на авионот. Во зависност од временските услови тие може веднаш да бидат извадени на бродот или да бидат однесени на побезбедно место.

Со операцијата раководи генерал Мулдоко, главниот командант на вооружените сили на Индонезија.

Претходно нуркачите извадија од опашката на авионот шишиња со вода и маски за кислород, но се уште не можат да откријат дали се наоѓаат таму и црните кутии, јави ТАСС.

Би можело да ве интересира

Пилотот на авионот на „Транс Азија“ се обидувал да ја спречи несреќата

Емир Латифовиќ

Уште шест тела извадени од паднатиот авион во Јаванско Море

Емир Латифовиќ

Авионот на „Ер Азија“ пребрзо се искачувал

Емир Латифовиќ

Откриен трупот на паднатиот авион на „Ер Азија“

Емир Латифовиќ

Авионот на „Ер Азија“ веројатно експлодирал во воздух пред да падне во морето

Емир Латифовиќ

Извлечена црна кутија од „Ер Азија“

Емир Латифовиќ