Индиректните преговори меѓу Израелците и Палестинците по примирјето во Појасот Газа ќе продолжат на 24 септември во Каиро, соопштија палестински и египетски извори.
На 26 август Израелците и Палестинците постигнаа договор за примирје, кој стави крај на 50. дневните борби во Појасот Газа. Тоа предвидуваше за еден месец да продолжат преговорите за да се расправа за преостанатите спорни прашања како што е изградбата на пристаниште, поправка на аеродромот во Појасот Газа и размена на палестински затвореници за посмртни останки на израелски војници.
– Египет ги покани палестинската и израелската делегација да продолжат со разговорите во Каиро на 24 септември, соопшти палестински претставник, а информацијата ја потврди и египетската страна.
– На овој датум ќе се обноват индиректните преговори меѓу израелската делегација и делегација составена од сите палестински движења, соопшти официјален претставник на Египет.