Индија подготвува мисија на Марс

Од:

Индиската Влада одобри план за лансирање на ракета кон Марс во текот на следната година, објави весникот „Хинду Дејли“.

Според планот, мисијата на Марс на Индиската агенција за вселенски истражувања ќе започне во ноември 2013 година.

Ракетата за истражување на Марс би требало да биде лансирана од космодромот во индиската сојузна држава Андра Прадеш и таа би требала да стигне до „Црвената планета“ во септември 2014 година. Мисијата ќе чини 4,5 милијарди рупии (80 милиони долари).

Оваа мисија ќе претставува нова етапа од амбициозната индиска програма за вселенски истражување, која предвидува лансирање на првиот вселенски брод со човечки екипаж во 2016 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Момент за паметење: Првата прошетка во вселената

Предраг Петровиќ