Инаугурацијата на Доналд Трамп, која ќе се одржи во понеделник на 20 јануари, нема да се одржи на отворено!
Како што јави Би-Би-Си, инаугурацијата ќе се одржи во затворен простор, поради големиот студ што се очекува во Вашингтон следната недела.
Традиционалната заклетва и говори, вклучително и инаугуративното обраќање, ќе се одржат внатре во американскиот Капитол, наместо надвор од зградата.
Исто така, инаугуративната парада ќе се одржи и во затворено, во Капитол надвор од Вашингтон, заедно со сите три инаугуративни балови.
BREAKING NEWS: Monday’s inauguration ceremony for President-elect Donald Trump and Vice President-elect JD Vance will be moved indoors due to dangerously freezing temperatures. https://t.co/jkmNCOKiHw
— KDKA (@KDKA) January 17, 2025
Последниот американски претседател што положи заклетва во затворен простор беше Роналд Реган во 1985 година, кога лошите временски услови го погодија и Капитол.