„Имам можност да го убијам Чарли Кирк и ќе го сторам тоа“ – напиша Тајлер Робинсон пред атентатот

Од:

Тајлер Робинсон – осомничениот за убиството на Чарли Кирк наводно остави порака во која пишува дека ќе го убие Кирк, изјави директорот на ФБИ – Кеш Пател, според Дејли меил“.

– Имам можност да го убијам Чарли Кирк и ќе го сторам тоа – се наведува во пораката.

Пател рече дека пораката е напишана пред пукањето и е пронајдена во домот на осомничениот.

Робинсон е уапсен во петокот, по атентатот врз Кирк.

Пател, исто така, откри дека ДНК што одговара на Робинсон е пронајдена таму каде што се криел убиецот, како и на пешкирот што го користел за да ја покрие пушката кога ја остави во шумата.

Пател, исто така, потврди дека Робинсон не соработува со полицијата. Тие сè уште собираат информации за осомничениот и сè уште не се подготвени да разговараат за потенцијален мотив.

Гувернерот на Јута, Спенсер, нагласи дека истражителите сè уште се обидуваат да утврдат мотив за убиството на Кирк, а повеќе информации може да бидат објавени откако Робинсон ќе се појави на суд во вторник.

Би можело да ве интересира

Се потсмеваше на убиениот Чарли Кирк, сега тврди дека животот ѝ е уништен

А1он

ВИДЕО: За Трамп, Чарли Кирк е „американски херој“, вдовицата му простува на убиецот

Десетици илјади луѓе присуствуваат на комеморацијата за американскиот инфлуенсер Чарли Кирк

Горан Наумовски

Вдовицата на Кирк: Ја носам неговата крвава огрлица

Горан Наумовски

Спречен е инцидент пред комеморацијата на Чарли Кирк, полицијата уапси вооружен маж

Трамп, Венс и Рубио ќе присуствуваат на комеморацијата за убиениот Чарли Кирк