Има рекордни бројки новозаболени, но Холандија реши да ги олесни мерките

Од:

Во Холандија од денеска се отворени рестораните, театрите, музеите и кината и покрај големиот бран инфекции со омикрон во земјата. Кафулињата и рестораните, исто како и и културните институции ќе бидат отворени до 22 часот, но постителите мора да носат маски и да имаат потврда за вакцинираност.

Се дозволува и присуство на публика на спортските настани како фудбалските натпревари. Минатата седмица беа укинати рестриктивните мерки за продавниците. Претходно холандската влада воведе строг карантин, но притисокот за укнување на ретриктивните мерки беше многу силен.

Во последните 24 часа, во Холандија се регистрирани 60 илјади новозаболени, но се смета дека бројката е реално поголема со оглед на тешкотиите во утврдувањето на толку голем број нови случаи. Во последните седум дена има 2.000 нови случаи на 100. 000 жители.

Би можело да ве интересира

Холандија воведува божиќен локдаун поради омикрон варијантата

Холандија воведува ПЦР тест за влез во земјата