Припадници на џихадистичката група Исламска држава (ИД) утрово пред изгрејсонце започнаа офанзива во правец на нафтеното поле Аџил во близина на ирачкиот град Тикрит, јави ДПА.
Според претставник на ирачките безбедноси сили, во првиот налет, џихадиситите успеале да преземат контрола врз неколку села во реонот на Аџил.
При судирите е убиен најмалку еден припадник на ирачките безбедносни сили, а осуммина други се ранети.
Истиот извор наведува дека борбите во Аџил продолжуваат, но дека напредувањето на џихадистите е запрено и дека владините сили преминале во контраофанзива.
Нафтеното поле Аџил се наоѓа во северната ирачка провинција Салах ал Дин, на околу 40 километри источно од Тикрит.