Хутите се закануваат со напади врз Саудиска Арабија

Од:

Шиитски бунтовници од племето Хути се заканија дека ќе ја нападнат Саудиска Арабија доколку не се престане со бомбардирање на Јемен и побараа обновување на политичкиот дијалог, со посредништво во ОН.

Хутите ќе „извршат воен напад врз Саудиска Арабија доколку не се заврши со воздушните напади врз Јемен“, рече Мохамед Бахити, еден од членовите на ова движење, за ТВ станицата „Ал Мајадин“.

Тој наведе дека Хутите се подготвени да ги продолжат разговорите од точката до која застанаа пред нападите од Саудиска Арабија, пренесе „Раша тудеј“, додавајќи дека разговорите последен пат биле оддржани во јануари.

Бахити истакна дека на побунетите Хути не им се потребни ракети за да го оддржат своето ветување, мислејќи на јеменските воени складишта уништетни во текот на воздушните напади.

Тој ги негираше и тврдењата дека коалицијата, предводена од Саудиска Арабија, успеала да ги уништи воените капацитети на хутските бунтовници.

Бахити предупреди дека соборениот јеменски претседател Абд Рабо Мансур ел Хади никогаш не може да се врати на власта, наведувајќи дека бунтовниците го сметаат за предавник.

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија пред два дена соопшти дека ја завршува својата воена операција „Одлучна бура“ и ја почнува новата под називот „Обнова на надежта“, чија задача ќе биде борбата против тероризмот, воспоставување безбедност и пронаоѓање политичко решение за кризата.

За помалку од 24 часа коалицијата продолжи со бомбарирања во Јемен, а нападите се изведуваа и вчера кога шитските бунтовници ја почнаа офанзивата на југот од земјата, додека коалицијата бомбардираше неколку града, пренесуваат американските медиуми.

Би можело да ве интересира

Саудиска Арабија го усвои Грегоријанскиот календар

Емир Латифовиќ

Речиси еден и пол милиони муслимани на аџилак во Саудиска Арабија

Емир Латифовиќ

Саудиска Арабија и „Мајкрософт“ се во војна заради еден единствен збор

Емир Латифовиќ

Атентаторот загина, две лица ранети во експлозија крај американскиот конзулат во Џеда

Емир Латифовиќ

Саудискиот принц бара средба со Бан Ки-мун

Емир Латифовиќ

Саудиска Арабија го повика Иран да престане да се меша во Ирак

Емир Латифовиќ