Холандија воведува божиќен локдаун поради омикрон варијантата

Од:

Холандија ќе воведе божиќен локдаун со цел да се спречи ширењето на oмикрон варијантата на коронавирус.

Сите продавници, освен оние за основни намирници, училиштата, баровите, рестораните и другите јавни места ќе бидат затворени најмалку до средината на јануари.

Премиерот Марк Руте рече дека ограничувањата се „неизбежни“.

Ова се најстрогите мерки што една земја ги воведе досега поради oмикрон.

И другите земји низ Европа ги заоструваат мерките поради брзото ширење на новата варијанта.

Новите правила во Холандија, кои стапуваат на сила од утре, беа објавени по средбата меѓу Владата и здравствените експерти.

Холандскиот национален институт за јавно здравје соопшти дека во земјата се регистрирани повеќе од 2,9 милиони случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата и повеќе од 20.000 смртни случаи.

Би можело да ве интересира

Има рекордни бројки новозаболени, но Холандија реши да ги олесни мерките

Холандија воведува ПЦР тест за влез во земјата