Лидерот на Хезболах, Наим Касем, во своето прво јавно обраќање по соборувањето на сирискиот претседател Башар ал Асад пред една недела изјави дека либанската милитантна група што тој ја предводи ги загубила линиите за снабдување низ Сирија.
„Да, Хезболах ја загуби својата рута за воено снабдување низ Сирија во оваа фаза, но оваа загуба е само детал во работата на нашето движење“, рече Касем.
За време на Асад, проиранскиот Хезболах ги користеше Сирија и Ирак за транспорт на оружје и воена опрема од Иран во Либан.
Меѓутоа, од 6 декември, сириските бунтовници ја зазедоа границата со Ирак и ја прекинаа таа рута за снабдување, а два дена подоцна, исламските бунтовници го зазедоа главниот град Дамаск.