Хезболах потврди: Мртов е Хасан Насрала

Од:

Либанската милитантна група Хезболах ја потврди смртта на нејзиниот лидер Хасан Насрала.

Во соопштението објавено пред неколку моменти, Хезболах вели дека нивниот лидер Хасан Насрала е мртов.

Претходно, израелската војска соопшти дека го убила водачот на групата поддржана од Иран во нападот врз Бејрут во петокот.

Во соопштението на ИДФ се наведува дека покрај Насрала, убиен е и командантот на Јужниот фронт на Хезболах, Али Караки, како и други команданти на таа група.

Насрала бил цел на напад додека бил во централниот штаб на Хезболах во јужното предградие на Бејрут, познато како Дахије.

Според ИДФ, штабот на Хезболах е под земја, скриен под станбените згради во населбата.

„Нападот беше извршен додека во штабот беа највисоките функционери на Хезболах, кои подготвуваа и координираа терористички активности против граѓаните на Израел“, се додава во соопштението на израелската армија.

32 години Насрала беше водач на милитантна група поддржана од Иран.

Речиси две децении, Хасан Насрала, генералниот секретар на Хезболах, успешно избегнуваше јавни настапи поради страв дека ќе биде цел на атентат.

Би можело да ве интересира

Шеикот Наим Касем е нов Генерален секретар на Хезболах

Хезболах: Убиен e лидерот Насрала, ние ја продолжуваме војната против Израел

(ВИДЕО) Извлечено е телото на Насрала, нема надворешни повреди од експлозијата

Горан Наумовски

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Во Иран е прогласена петдневна жалост по убиството на Насрала