Едно лице кое било во хеликоптерот што се урна на поле на островот Вајт во Велика Британија денес е однесено во болница во одделот за сериозна траума, соопштија службите за итни случаи.
Полицијата на Хемпшир и островот Вајт била повикана на местото на несреќата на хеликоптерот во 9:24 часот по локално време, а на местото на несреќата била испратена и екипа за интензивна нега, објави Скај њуз.
Портпаролот на службата за брза помош на Хемпшир и островот Вајт во писмена изјава изјави дека „еден пациент бил префрлен со хеликоптер во Центарот за голема траума во Универзитетската болница во Саутемптон“.