Гласањето започна: Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон избираат претседател на Русија

Од:

Во регионите окупирани од Русија во Украина започна предвременото гласање за претседателските избори во Русија следниот месец.

– Започна предвременото гласање во јужниот регион на Украина окупиран од Русија, јавува државната новинска агенција ТАСС.

Секако, Украина ја осуди намерата на Русија да организира гласање на претседателските избори на окупираната украинска територија.

Изборните службеници ќе одат од врата до врата со гласачки ливчиња и кутии во „тешко достапните области“.

Оваа категорија ги вклучува окупираните региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон.

– Први ќе гласаат луѓето кои живеат во близина на линијата на фронтот и припадниците на војската, пренесе Тас.

Претседателските избори ќе се одржат во периодот од 15 до 17 март. Рускиот претседател Владимир Путин ја објави својата кандидатура за реизбор во декември. Речиси сигурно ќе освои уште еден шестгодишен мандат.

Би можело да ве интересира

Првите реакции на Западот за претседателските избори во Русија: „Ни слободни, ниту фер, резултатот никого нема да изненади“

Жена е тешко повредена во инцидент на избирачко место во Русија откако дошло до експлозија

Започна гласањето за изборите за претседател на Русија

Стартуваше предвременото гласање на претседателските избори во Русија