Франција ја обвини Русија дека сака да спушти „крвава завеса” меѓу себе и Европа

Од:

Со војната во Украина, Русија сака да спушти „завеза од крв“ меѓу себе и нејзините европски соседи, изјави денеска француската државна секретарка за европски прашања, Лоренс Бун, цитирана од француските медиуми.

Бун им честиташе на Украина и на Молдавија за добивањето официјален статус на земји кандидати за членство во Европската унија.

-Овој статус е од витално значење за овие земји, рече таа, додавајќи дека „половични мерки не се можни кога Русија избра да повлече крвава завеса меѓу себе и нејзините соседи“.

Украина е место на „неискажливи злосторства“ од страна на руските војници и е вклучена во „војна во која мора да победи, бидејќи нејзината иднина зависи од неа, како и нашата“, рече Бун за време на дебатата за завршеното француско претседателство со Советот на Европската Унија.

Таа им честиташе на 27-те земји-членки што одговорија на руската инвазија со „колективен одговор на невидени санкции со досега незабележен обем“, чија цел е „да ја отежнат војната за Русија економски, финансиски и воено“.

Според оценката на Бун, ЕУ успеала да „скрши едно големо табу“, финансирајќи го вооружувањето на Киев.

-Времето за стратешка умереност заврши, нагласи таа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ПСЖ до победа во судиското продолжение

Емир Латифовиќ

Тевез и Фалкао го засилуваат Монако

Емир Латифовиќ

ПСЖ првак на Франција по 19 години

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Џои Бартон до Ибрахимовиќ: Имаш преголем нос

Емир Латифовиќ