Граѓаните на Турција кои останаа заробени во урнатините по разорниот земјотрес што го погоди југот на оваа земја, почнаа да објавуваат статуси и фотографии на социјалните мрежи со кои бараат помош од спасувачите.
Жена која со часови била затрупана под урнатините по катастрофалниот земјотрес во Турција е спасена благодарение на социјалните мрежи.
Откако видела дека никој не ги слуша нејзините гласни повици за помош, жената која за среќа го имала својот телефон со себе успеала да се фотографира како лежи заробена под урнатините и да ја објави фотографијата на социјалната мрежа Твитер.
Под сликата на жена пишува: „Чекам помош – Спасете ме, ве молам“
Yardım bekliyorum pic.twitter.com/fkGX0WKCsR
— Aysel (@ayselllyeral) February 6, 2023
За среќа корисниците на социјалните мрежи брзо реагирале и ги известиле спасувачите, а оние кои ја познавале во коментари под фотографијата се обидуваа на спасувачите да им дадат подетални информации за локацијата на објектот каде се наоѓа жената.
Според информациите спасувачите успеале да ја лоцираат и спасат оваа жена. Но социјалните мрежи се преполни со вакви повици, спасувачите се надеваат дека ќе успеат да стасаат навреме до сите преживеани под урнатините. Последна информација за успешно спасување е веста дека седумгодишното дете, кое беше повредено во земјотресот, беше спасено од урната зграда во турскиот град Дијарбекир, откако седум часа беше под урнатините, а снимката е шокантна.
(ВИДЕО) Спасено 7-годишно дете кое мина седум часа под урнатините во Турција
Од уништените згради се слушаат повици на преживеаните кои ги повикуваат спасувачите на помош за да ги извлечат од под урнатините. Повеќе од 640 луѓе загинаа, а илјадници се повредени во катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,8 Рихтер, кој во текот на ноќта ги погоди Турција и Сирија и срамни со земја населени места додека многу семејства спиеја.