Ердоган: Турција не смее да биде исклучена од операцијата за ослободување на Мосул

Од:

Турција не може да биде изоставена од операцијата за преземање на ирачкиот град Мосул од терористичката група Исламска држава (ИД), изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Ердоган истакна дека Турција и понатаму е изложена на закани од регионот.

– Велат дека Турција не треба да влезе во Мосул. А зошто не? Ние имаме 350-километарска граница со Ирак. Други, кои немат ништо заедничко со овој регион, можат да влезат. Ние нема да бидеме одговорни за негативните последици кои можат да се појавят при операција во која не е вклучена Турција, истакна Ердоган.

– Ние ќе учествуваме и во операцијата, но и потоа на преговарачката маса. Не е можно да стоиме настрана, нагласи шефот на турската држава.

Тој исто така вети и натамошно континуирано присуство на турски војници во базата Башика, во близина на Мосул.

– Никој не треба да очекува дека ќе ја напуштиме Башика. Турција ќе води секакви операции против ИД, додаде Ердоган. 

Би можело да ве интересира

Околу 670.000 бегалци од Мосул се уште не се вратени во своите домови

Наум Локоски

Откриени се две масовни гробници покрај затворот на ИД во Мосул

Наум Локоски

Првпат по три години во Мосул пристигна голема хуманитарна пратка

Наум Локоски

Ирачките власти во Мосул уапсиле германска тинејџерка припадничка на ИД

Наум Локоски

Ирачкиот премиер прослави победа во Мосул

Наум Локоски

ЕУ: Ослободувањето на Мосул одлучувачка етапа во борбата против тероризмот

Наум Локоски