Емануел Макрон води состаноци со очила за сонце

Од:

Францускиот претседател – Емануел Макрон се појави вчера носејќи очила со сини рамки за време на состанокот во Елисејската палата за институционалната иднина на Нова Каледонија, објавува „Ле Паризиен“.

„Ве молам извинете за овие очила, кои се поврзани со мал проблем. Ќе морам да ги носам некое време, па ќе мора да ме трпите во оваа состојба“, рече Макрон.

Еден ден претходно, Макрон се појави со црвенило во десното око за време на новогодишното обраќање до вооружените сили на земјата во воената база Истра (Буш-де-Рон).

„Тоа е само мала работа. Сметајте го како референца на окото на тигарот. За оние кои ја разбраа референцата, тоа е знак на решителност“, се пошегува тој.

Тој алудираше на насловот на популарната песна од американскиот рок бенд Survivor од филмот „Роки III“ од 1982 година во кој глуми Силвестер Сталоне.

Што се однесува до неговата здравствена состојба, канцеларијата на францускиот претседател не објави ниту појасни за што станува збор.

Би можело да ве интересира

Макрон: Иран мора да ги запре нападите

А1он

Макрон по петти пат за десет дена го свикува Националниот совет за одбрана

А1он

Макрон му порача на Иран: Веднаш запрете ги нападите врз земјите од регионот

А1он

Макрон: Франција не води војна на Блискиот Исток

„Ова е отров“ – Макрон и Мерц за заканата на Трамп за повисоки царини

А1он

Дипломатски конфликт по смртта на десничарски активист – Макрон и Мелони во отворена „војна“

А1он