Тројца војници погинаа, а еден е повреден во експлозијата во една поморска база во Јужна Кореја, соопшти министерството за одбрана на Јужна Кореа.
Воените власти ја истражуваат причината за експлозијата која се случи во текот на поправката на една подморница, а засега се смета дека мали се шансите да се работи за напад.
Експлозијата се случила кога војниците го тргнале отворот на влезот во подморницата. Експлозијата била толку јака што еден од војниците бил фрлен во морето.