Еден загинат и четворица повредени во експлозија во Центар за регрутација во Украина

Од:

Едно лице загина, а четворица се ранети денеска во експлозија во регрутен центар на областа Кајанец-Подилски, на западот на Украина, соопштија властите, што е трет таков случај за неколку дена.

Во саботата едно лице загина, а шестмина беа ранети во експлозија во канцеларијата за регрутирање во северозападниот град Ривина, а во неделата едно лице беше рането во центарот во Павлоград, во централниот дел на земјата.

Полицијата денеска соопшти дека уапсила тројца осомничени за експлозијата во Павлоград. Многу Украинци сметаат дека системот за регрутирање е неправеден и е центар на корупција.

Видеата на социјалните мрежи во последниве месеци покажуваат дека луѓето се насилно регрутирани на улица, во спортски сали и на други места, а понекогаш и тепани.

Украинската армија, на која и недостигаат војници и опрема, тешко врбува нови војници бидејќи населението е исцрпено по три години борби.

Би можело да ве интересира

Ушаков: Трилатералните разговори за Украина се прекинати

Горан Наумовски

Украина ќе остане без пари за две недели

Калас: Mоже да заборавиме на заем од 90 милијарди евра за Украина

Зеленски: Русија бара Украина да се повлече од Донбас во рок од два месеци

29 лица загинаа откако се урна руски воен транспортен авион во Крим

„Црниот план“ на Путин и пропагандната војна: Фронтот ќе „експлодира“ во април