Џонсон именуваше нови членови на Домот на лордовите

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон вчера именуваше 36 нови членови на Домот на лордовите, вклучително неговиот брат, неколкумина истакнати прврзаници на Брегзит, како и сопственик на медиуми, роден во Русија, чиј татко беше агент на КГБ.

На листата на нови членови е и поранешната крикет ѕвезда Јан Ботам, приврзаник на Брегзит.

Поранешните министри за финансии Јен Кларк и Филип Хамонд, кои беа против Брегзит, исто така се именувани за членови на Домот на лордовите. Како и Евгениј Лебдев, сопственик на весниците Индепендент и Ивнинг стандард. Татко на Евгениј е рускиот олигарх Алекдандар Лебедев, кој работеше за КГБ.

На листата е е и лидерката на шкотските конзервативци Рут Дејвисон, заедно со братот на Џонсон, Џо, кој беше против Брегзит и минатата година ја напушти Владата поради несогласвање со нејзината полиитка,

Поголемиот број именувани кандидати се во сојуз со владејачката Конзервативна партија на Џонсон, а има и поранешни пратеници од опозициската Лабиуристичка партија, кои го поддржаа Брегзит.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон дојде на гласање без лична карта иако воведе закон според кој таа е обврска

А1он

Џонсон ја критикуваше Германија за војната: Се надеваа на брз пораз на Украина

А1он

Главни заклучоци во извештајот за прославите организирани во Даунинг стрит за време на „локдаунот“

А1он

Џонсон се извини по објавениот извештај околу прославите за време на „локдаунот“ во земјата

А1он

Џонсон го прими извештајот за „партигејт“, подоцна денеска ќе се обрати во Парламентот

А1он

Британскиот премиер не е сослушан од полицијата за забавите за време на локдаунот

А1он