Италијанскиот министер за надворешни работи, Паоло Џентилони, денеска изјави дека конфликтот во Сирија не може да се реши по воен пат, пренесе ТАСС.
-Не постои воено решение за сирискиот конфликт, изјави Џентилони по разговорите со рускиот колега Сергеј Лавров.
„Но, преодниот период не може да се гради врз пепелта на Алепо. Сите треба да вложиме напори да го запреме насилството и да создадеме можности за испорачување хуманитарна помош“, рече тој.
Според него, неопходно е во земјата што е можно поскоро да почне политичкиот преод.
-Се разбира дека во тоа Русија има решавачка улога и затоа ние ја повикувам да дејствува, рече Џентилони.
Тој додаде дека Италија се надева дека Русија и САД ќе создадат услови за испорака на хуманитарна помош во блокираните квартови на Алепо и другите региони во Сирија.
Според него, италијанскиот претседател Серџо Матарела следната пролет ќе ја посети Русија.
-Меѓу нас има блиски контакти на различни нивоа, изјави тој и додаде дека Русија и Италија оддржуваат тесни врски во културата, а, исто така, и во економијата.
Барањата за повлекување на сирискиот претседател Башар ал-Асад од функцијата за шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров се неприфатливи и објаснува дека никој не се договарал за такво нешто.
-Резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на ОН бара почнување преговори за политичко надминување на кризата во Сирија без претходни услови, рече рускиот шеф на дипломатијата.
„”Но, за жал, веќе повеќе од половина година преговорите се блокираат од оние кои со нарушување на резолуциите на Советот за безбедност на ОН поставуват ултиматуми како неопходност од претходно повлекување на Асад, што , се разбира, е неприфатливо, бидејќи никој не е склучувал такви договори“, изјави тој.